Набавена машина за чистење на улиците

175

Заради одржување на хигиената на улиците, Општина Бутел набави машина за чистење на улиците, наречена метларка.

Метларката која ќе се користи за чистење на сервисните улици во Општината, поседува три четки од кои две во средината и една странична, како и четка за вшмукување, сад за отпад, филтер за прашина, вакуум вентилатор и резервоар за вода.
Како што информираше градоначалникот на Бутел, Велимир Смилевски максималната ширина на чистење изнесува 1.700 милиметри со две четки, односно 1.900 милиметри со три четки. Капацитетот на садот за отпад изнесува минимум 520 литри.

Градоначалникот Смилевски додаде дека средствата за набавка на оваа метларка во висина од 3,5 милиони денари се обезбедени од буџетот на Општина Бутел.