Му дојде редот и на Киеза

150

Актуелниот шампион на Италија, тимот на Јувентус, ќе се обиде да реализира уште еден спектакуларен трансфер до крајот на летниот преоден рок. Како што информираат италијанските медиуми, „старата дама“, сега сака да ги осигура и услугите на најдобриот фудбалер во дресот на Фиорентина, Фредерико Киеза.

Иако челниците на „виолетовите“ постојано повторуваат дека репрезентативецот на Италија не е за продажба, фудбалските медиуми се убедени дека двата клуба ќе седнат на преговарачката маса доколку официјалната понуда за Киеза не биде помала од 100 мил. евра.