Му барале пари за да не му ја извалкаат честа,завршија зад решетки

18

Сериозни закани по живот трпел скопјанец на кој две девојки и лице од Скопје му се заканувале и се обидувале од него да изнудат 10 илјади евра.
Ообвинетите од кои против еден е распишана и меѓународна потерница неколку дена претходно телефонски го контактирале лицето и го принудиле на средба на која агресивно се однесувале и упатувале закани по неговиот и по животот на членовите на неговото семејство, барајќи да им исплати 10.000 евра.

Скопјанецот се согласил да се сретне со нив на 14.декември минатата година во еден трговски центар и да им ги даде парите, но намерата ја пријавил во полиција од каде му биле дадени обележани банкноти. Обвинетите се упатиле на договорената средба и пред трговскиот центар се раздвоиле.

Тогаш нему му пристапил еден од обвинетите, додека другите го чекале во близина. Но, во тој момент ги забележал полициските службеници задолжени за безбедноста на нападнатиот, започнал да бега и заминал во непознат правец. Останатите две обвинети биле затекнати и задржани во близина на местото на настанот

Во текот на истражната постапка било утврдено дека една од обвинетите во повеќе наврати зела пари од оштетениот.Тааму се заканувала дека за него ќе открие нешто што може да наштети на неговата чест или неговиот углед и со тоа го присилила да и даде 10.500 евра и уште 450.000 денари. Со тоа, обвинетата сторила продолжено кривично дело уцена.