Мустафа Ахмед одушевен со Охрид и езерото, нашите пијалаци, ајварот, македонските сирења….

426

Харизматичниот Мустафа веќе научил по малку да го зборува и македонскиот јазик. Бил на повеќе места низ државава, а на неговиот Тик-Ток профил пишува#1 Black Macedonian Entertainer

Мустафа Ахмед е дечко од далечните арапски земји, а тој е одушевен со Македонија и пред сè со македонските традиционални јадења. На неговиот Тик-Ток профил пишува:#1 Black Macedonian Entertainer, а профилот му е исполнет со интересни вистински работи за Македонија, и, пред сè, исполнет со слики и приказни за вкусна македонска храна. Мустафа Ахмед е човек кој неверојатно силно го привлече вниманието деновиве на голем број Македонци, ни ги исполни срцата.                Неговите следбеници му предлагаат што е тоа следното што треба да испроба од нашата традиционална македонска кујна, а тој одговара на нивните желби и тоа го документира во интересни видеа.

Покажува дека е фасциниран од нашата храна и пијалаци, но признава дека некои работи за него се и доста чудни.
Харизматичниот Мустафа веќе научил по малку да го зборува и македонскиот јазик. Бил на повеќе места низ државава, а неодамна го посетил и Охрид, а самото езеро го освои.
Досега има посетено 32 земји, ја напуштил работата за да патува низ земјите од Балканот, па одлучил да живее три месеци во Македонија, во Скопје велејќи дека воопшто не се покајал, дека е жално што ние самите си ја плукаме државата, тој тоа го забележал. По сè изгледа дека Мустафа ја засакал Македонија така што останува непознато до кога ќе остане овде, но познато е дека со секоја нова фотографија е одушевен со земјата во која е роден ајварот, пинџурот, лутеницата, селското месо, домашните пити, вкусните  македонски сирења…