Мурињо лобира за Матиќ

30

Контроверзниот тренер на италијанскиот калчолигаш Рома, Жозе Мурињо, повторно испрати јасна порака до клупските челници дека сака во новата сезона на располагање да ги има и услугите на српскиот интернационалец од редовите на англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед, Немања Матиќ. Искусниот играч за врска на крајот од актуелната сезона ќе има статус на слободен фудбалер и може да се пресели на „Олимпико“ без никакво обештетување.