Наскоро би можело Светското првенство во фудбал да се одржува наместо на четири години, да се одржува на две години, но само доколку Светската фудбалска федерација го прифати овој предлог.
Овој предлог дојде од федерацијата на Саудиска Арабија, а ФИФА го стави на гласање. Вкупно 166 членки од 188 кои се дел од ФИФА гласаа „за“, што значи дека светската куќа на фудбалот во иднина може да разгледа промена на календарот.
Мундијалот од 2026 година ќе биде проширен и дел од него ќе бидат 48 репрезентации, дури шеснаесет повеќе од досегашните изданија. Првенството ќе се игра во Канада, Мексико и САД.