Музички спектакл на отворено: На Д – фест во Дојран над 50 музички ѕвезди

157

Над 50 музички ѕвезди и повеќе од 100 уметници и креативци ќе учествуваат на годинашново деветто издание на  „Д-Фест“, единствениот музички фестивал на отворено, кој ќе се одржи од 12 до 14 јули во Стар Дојран. На шест музички бини ќе се одржи  тридневна, неверојатно богата програма и фестивалски камп.

Според организаторите Пасворд продукција и општина Дојран, бројни активности, перформанси и работилници ќе се одвиваат на повеќе од 20 зони.

Трите фестивалски вечери на досега најголемото издание на фестивалот, покрај музичките настапи, вклучуваат и изложби, дебати,  базар на уметнички дела и ракотворби и уште многу други содржини кои придонесуваат ова да биде единствена фестивалска авантура кај нас.

Сместувачките капацитети во Дојран се веќе целосно исполнети што е уште еден показател дека овој Д-Фест ќе биде најуспешен до сега.