Музеј на Македонија: Етнолошки документарни филмови достапни на Јутјуб

47

Музејот на Македонија ѝ овозможува на пошироката публика да се запознае со дел од етнолошкото наследство на нашата земја по електронски пат, соопштија од оваа институција.

На Јутјуб веќе се поставени неколку етнолошки документани филмови во продукција на Музејот. Тие можат да се проследат на Јутјуб каналот на Музејот: https://www.youtube.com/channel/UCy77fYfo7i4WvxUgFGb0fGA

„Во следниов период на овој канал ќе бидат постапно објавувани повеќе етнолошки документарни филмови продуцирани во периодот од 1997 до 2015 година. Информации за секој новоприкачен филм ќе се објавуваат на страната на Музејот на Фејсбук и Инстаграм“, велат од Музејот.