Музеј на вагината отворен во Лондон/видео

234

Првиот светски музеј на вагината е отворен во Лондон. Музејот има за цел да едуцира и да го сврти вниманието на здравјето на вагината и да се бори против стигмата.

На ѕидовите во музејот се наоѓаат илустрации на женски гениталии, а делови од долна облека се наоѓаат во стаклена полица. Лондонскиот музеј е отворен благодарение на акцијата во која се собрани 50.000 фунти,а по иницијатива на директорката Флоренс Шехтер, која имала едноставна мотивација.

Во 2017 година открив дека на Исланд постои музеј на пенисот, а никаде нема музеј на вагината, па одлучив да отворам“, рекла Шехтер.

Вели дека целта на музејот е да ги „отстрани предрасудите кои кружат околу гинеколошката анатомија“, без разлика на нечиј пол, раса или сексуална определба.

Првата изложба, која ќе трае до крајот на февруари, се вика „Вагини митови и како да се борите против нив“. Изложбата се занимава со заблуди во гинеколошка анатомија, вклучувајќи чистота, изглед, менструација, пол и контрацепција.