МТФ „Војдан Чернодрински“ oбјавува повик за Kомисија за избор на необјавен македонски драмски текст

56

Врз основа на конкурсот за откуп на необјавен и непоставуван македонски драмски текст, објавен од страна на Министерството за култура, МТФ „Војдан Чернодрински“ – Прилеп, распишува повик за комисија која ќе ги избере текстовите.

Комисијата за избор треба да ја сочинуваат пет члена од редот на вработените и/или дипломирани драматурзи, театарски режисери и театролози.

Секој што сака да учествува може да испрати своја кратка биографија и список на објавени книги, драмски текстови или поставени театарски претстави на адресата contact@mtf.com.mk до 15.2.2023 година. За дополнителни информации може да се обратите на истата електронска адреса.

Ова е линкот од објавениот конкурс на Министерството за култура.