Мрсулавата Тејлор ги згрози фановите: На сцена го бришеше носот со дланка, па ја истри од облеката/ВИДЕО

128

Судејќи според видеото кое кружи на социјалната мрежа Х, на пејачката Тејлор Свифт не и се допаднале ниските температури за време на концертот во Шкотска, бидејќи била фатена како ја брише содржината на носот – со рака.

Познатата пејачка моментално е на турнејата „Ерас“, најголемата светска турнеја на една музичарка во последните неколку децении, а со по неколку илјади мобилни телефони вперени кон неа секоја вечер, речиси е невозможно нешто да се сокрие на сцената.

Во видеото објавено од обожавател на X, пејачката го брише течниот нос со рака за време на изведбата на „Не обвинувај ме“, а потоа може да се види како ја брише дланката и прстите на костимот што го носи.

Во другото објавено видео, пејачката повторно ја спушти раката во близина на нејзиното светкаво зелено мини-здолниште и го избриша слузот што висеше од нејзините прсти на облеката. Бројот на вакви снимки се зголемува од ден на ден, а се појави и трето видео на кое таа свири на клавир и лиже слуз од носот додека и капе преку усните, кои се направени со препознатлив црвен кармин.

Откако протекоа неколку од овие видеа, фановите имаа различни реакции.

„Видов три различни видеа на Тејлор како ги брише или ги лиже своите топчиња во последните 30 минути, таа мора да носи марамчиња со себе на сцената“, напиша едно лице на X.

– Постојано го гледам ова видео на кое Тејлор Свифт ја јаде сопствената лига и ја брише и фрла по бината. Искрено, јадете и фрлете ги топчињата во четирите ѕида, тоа да се прави на сцена е лудост – додаде друг коментатор.

Меѓутоа, еден праша „што е проблемот овде“, посочувајќи дека секој го прави ова кога немаат марамчиња.

На Тејлор наводно не и било лесно да настапи во Шкотска на само 8 степени Целзиусови. За време на концертот поради студот морала да носи ракавици, а на самиот концерт истакнала дека и се „грчат рацете од студот“.

– Многу ми е жал, ова не се случило досега, но раката ми е замрзната, само ќе ја загреам. Многу ми е непријатно – изјави таа на сцената.

 

@xcrystine grace personified @Taylor Swift @Taylor Nation #TSTheErasTour #EdinburghTSTheErasTour #swiftie #edinburghn1 #erastour ♬ original sound – xcrystine