Мрачна приказна се крие зад романот Алиса во земјата на чудата

235

Писателот Луис Керол, за ликот на Алис, бил инспириран од вистинската личност, Алис Лидел, која ја запознал како тригодишно девојче. Луис, во тоа време имал 24 години, студирал математика и се занимавал со фотографија. Тој особено сакал да фотографира деца, а бидејќи на неговите фотографии се наоѓале девојчиња, често без облека, за него со години се врзувале контроверзии и шпекулации дека бил прикриен педофил. Во тоа време се ширеле шпекулации дека писателот сакал да се ожени за 11-годишната Алис…

Зад една од омилените книги на многу деца, „Алиса во земјата на чудата“, лежи чудна, темна и мистериозна приказна. Имено, писателот Луис Керол, за ликот на Алис, бил инспириран од вистинската личност, Алис Лидел, која ја запознал како тригодишно девојче.

Луис, чие вистинско име било Чарлс Доусон, во тоа време имал 24 години, студирал математика и се занимавал со фотографија. Тој особено сакал да фотографира деца, а бидејќи на неговите фотографии се наоѓале девојчиња, често без облека, за него се години се врзувале контроверзии и шпекулации дека бил прикриен педофил. Сепак, овие тврдења никогаш не биле докажани.

Алис Лидел ја запознал во април 1856 година додека со своите сестри се играла во градината. Нејзиниот татко побарал од него да направи семејни фотографии, и така започнало пријателство кое долго траело.

Подоцна тој често ја фотографирал Алиса и нејзините сестри, а во своето студио, тој чувал многу детска облека за пресоблекување во различни ликови, како и бројни забавни игри за нив.

Приказната за Алиса во земјата на чудата била создадена за време на едно возење со брод во јули 1862 година, кога на Алис и нејзините сестри, Едит и Лорен, им раскажал приказна полна со чудни ликови, а како главен херој ја ставил десетгодишната Алис.

Иако ова не било првпат тие да им раскажува приказна, Алис побарала од него да ја запише. Две години подоцна за Божиќ, тој ѝ подари роман, украсен со илустрации.

Луис бил близок до целото семејство Лидел, но Алис била неговата миленичка. Нивниот однос бил предмет на многу шпекулации.

Раскинувањето на врската меѓу Лидел и Додсон се случило во 1863 година.

Семејството Лидел никогаш не зборувало отворено за тоа, а страниците од дневникот на Додсон кои се однесуваат на тој период мистериозно исчезнале. По неговата смрт, некој едноставно ги искорнал.

Некои биографи шпекулирале дека до раздорот дошло откако Доџсон сакал да се ожени за 11-годишната Алис, додека другите шпекулираат дека во него се вљубила постарата сестра на Алис, Лорина, па нејзините родители го избркаа за да се избегне скандал.

Следната година се случило помирување со родителите, но на него никогаш повеќе не му било дозволено да се дружи со децата.

Неговиот интерес за девојчиња бил познат, но за тоа време не бил толку невообичаен, бидејќи разголените деца биле чест мотив, како на разгледниците на пример, а тоа не се доживувало во сексуален контекст туку таквите фотографии се сметале за слика на невиност.

Пред неколку години, се појавило писмото на Доџсон, насловено како „Почитувана Мис Лидел“, напишано само три години пред мажачката на Алис.

Во писмото, тој одговарал на коментарите испратени до него, помеѓу „Мис Лидел“ и нејзината пријателка, а кои му ги пренело трето лице.

Во писмото се вели дека неговите зборови, дека сака деца, се погрешно разбрани.