Моќен, а едноставен: Рецепт со лен кој ќе ве засити и ќе ви помогне во топење на вишокот килограми

16

Многумина го сметаат ленот за највредна билка на светот бидејќи од нејзиното стебло се изработува платно за изработка на најубавите парчиња облека. Но, ленот многу повеќе е ценет поради фактот што истиот изобилува со корисни елементи кои го чуваат здравјето.

Ленот содржи витамин Е и Б, калциум, цинк, фосфор, селен и магнезиум. Најважната состојка во ленот е лигнинот, за кој е докажано дека има антиоксидативни својства.

Во структурата на лененото семе се наоѓаат растворливи и нерастворливи материи кои се одлични за зачувување на општото здравје, за дигестија, за чистење на цревата, но и за одржување на идеалната телесна тежина. Се смета дека ленот има многу повеќе влакна од било кое друго растение.

Доколку сакате да го симнете вишокот килограми, сè што ви е потребно е една лажичка мелено ленено семе, помешана со 2 децилитри сок или немасен јогурт. Ваквиот оброк ќе ве засити, ќе го намали чувството на глад и ќе ја елиминира надуеноста.

Лененото семе можат да го консумираат особи од сите возрасти, од деца до постари лица. Доколку сте трудница, консултирајте се со својот лекар пред употреба на семките од лен.