Пилотот на КТМ, Мигел Оливера ќе стартува од пол-позицијата, на последната трка во сезоната во Мото ГП шампионатот, која ќе се вози во Португалија.

Покрај Оливера, првиот ред за утрешниот старт на трката го комплетираа возачите на Петронас Јамаха и Прамак Дукати, Франко Морбидели и Џек Милер.

Во вториот ред се Кал Крачлоу (ЛЦР Хонда), Фабио Квартараро (Петронас Јамаха) и Штефан Брадл (Репсол Хонда).

Последната трка за оваа сезона, во Мото ГП шампионатот, утре ќе започне во 15 часот.