Иако полека се ближи стартот на новата сезона, новиот шеф на стручниот штаб, Тиаго Мота, реши да направи сериозни „резови“ во играчкиот кадар на Јувентус, а Федерико Киеза не е единствениот кој се најде на трансфер листата.
Мота имаше фантастична сезона на клупата на Болоња со која избори пласман во Лигата на шампионите, а иако раководните лица сакаа тој да остане во клубот, поранешниот репрезентативец на Италија не можеше да ја одбие поканата на „старата дама“.
На крајот од минатата сезона Јувентус му се заблагодари на Макс Алегри за соработката и сега во Торино се надеваат дека 41-годишниот Мота може да го врати Јуве на самиот врв и да ја донесе шампионската титула во Италија, која се чека неколку сезони.
Раководните лица веќе ангажираа неколку квалитетни засилувања, а се очекува во наредниот период да има неколку заминувања.
Пред неколку недели беше објавено дека Федерико Киеза завршил на трансфер листата и дека клубот ќе го продаде доколку за него дојде задоволителна понуда.
Најпознатиот италијански фудбалски новинар, Фабрицио Романо, пишува дека Киеза не е единствениот кого Мота го опишал и дека излезната врата ќе им биде покажана на уште неколку познати имиња.
Романо се огласи на Твитер и откри дека покрај Киеза, на списокот има дури седум имиња.
Тоа се Војичех Шчесни, Вестон Мекен, Матија Де Шиљо, Артур Мело, Филип Костиќ, Ханс Николуси Кавиља и Даниеле Ругани.