МОРНИЧАВА СНИМКА- Украинците на периферијата на Бахмут заробиле голема група руски војници, еден по еден излегуваат од ровови…/ВИДЕО 

1504

Извидувачки дрон на украинската армија наводно снимил фаќање на поголема група руски војници на периферијата на Бахмут!

На видеото, наводно, се гледа како членови на 59-та моторизирана оклопна бригада на вооружените сили на Украина заробиле 22 руски војници, но не е јасно дали станува збор за војници кои се предале или биле заробени за време на битката.

Според украинските медиуми, глетката е снимена во околината на Бахмут.

Видеото, снимено со извидувачки дрон, завршува со тоа што заробените припадници на руските сили еден по еден излегуваат од ровот и се качуваат на украинските пикапи кои дошле да ги земат.
Битката за Бахмут официјално започна на 8 октомври 2022 година. Според руските медиуми, битката траела 224 дена.