Мора да поразговарам со Мане

146
Менаџерот на Ливерпул, Јурген Клоп, потврди дека нема никаков проблем со крилниот напаѓач, Саидо Мане, кој бурно реагираше откако беше заменет за време на првенствениот дуел против екипата на Барнли. Како и што се очекуваше, првенствената пресметка заврши со убедлив триумф на „црвените“ од 3:0.
-Саидо Мане е емоционален човек, а сите ние сме индивидуалци. Имаше нешто кое не му се допадна, не беше како што тој сака. Мислам дека не беше проблем замената. Ќе поразговарам со него во клупската соблекувална. Ние двајцата немаме никаков проблем, изјави германскиот стручњак.