Мора да има понуда за Рамос

110
Real Madrid's Spanish defender Sergio Ramos gives the thumb up before the Spanish Copa del Rey (King's Cup) semi-final first leg football match between FC Barcelona and Real Madrid CF at the Camp Nou stadium in Barcelona on February 6, 2019. (Photo by LLUIS GENE / AFP) (Photo credit should read LLUIS GENE/AFP/Getty Images)

Шпанскиот интернационалец од редовите на актуелниот шампион на Англија, тимот на Манчестер Сити, Давид Силва, испрати јасна порака до клупските челници дека треба да подготват официјална понуда за легендарниот капитен на Реал (М), Серхио Рамос.

Централниот дефанзивец на „кралскиот клуб“ има договор до 2021 година, но се погласни се шпекулациите дека Реал (М) не сака да потпише нов договор со репрезентативецот на Шпанија. Силва е убеден дека Рамос може да биде и повеќе од одлично засилување за дефанзивната линија на Сити.