Монтирана опрема за новото дигитално кино во Велес

42

Во салата „Бели Мугри” при Локалната библиотека во Велес, по монатажа на проекторот со засилувачите на звук и големите звучници за ефекти (вуфери), неделава беа монтирани рамката за платно, звучниците, како и каблите за
поврзување на досега монтираната опрема, информираат од Општина Велес.

Со тоа по скоро две децении велешани повторно ќе добијат кино со најсофистицирана техничка опрема за прикажување на дигитално кино, со можност за следење на 3Д филмови.

Воедно, покрај техничката опрема, во рамки на проектот, сцената во салата ќе биде соодветно прилагодена за потребите на кино прикажувањето и други мултимедијални
настани.

Велешкото градско кино сместено во зградата на Синдикатот во центарот на градот не работи скоро дваесет години.

Во меѓувреме од 2013 година кино проекции на филмови имаше во салата на театарот со најсовремен дигитален кино проектор што им го подарија од Министерството за култура .

Последниве две години поради прегорена ламба на кино проекторот и негово нефункционирање, граѓаните на Велес немаат можност да следат никакви кино проекции на големото бело платно.