Монтенегро Ерлајнс ги затвора претставништвата

84

Црногорскиот државен авиопревозник Монтенегро Ерлајнс донесе одлука за укинување на претставништвата во Москва, Париз, Виена, Франкфурт и Лондон, како и за намалување на бројот на вработени до 50 отсто во претставништвото во Белград.

Во авиокомпанијата велат дека оваа одлука е донесена во согласност со новите трендови во авиоиндустријата кои ги карактеризираат, како што велат, висок степен на дигитализација во работењето и со самото тоа намалена потреба од физичко присуство на претставници на целниот пазар, а ќе биде спроведена до крајот на летната сезона, пренесува порталот ЦдМ.