Монодрамата „Торонто експрес“, со актерот Александар Микиќ работена по мотивите од збирката есеи „Тибам штркот“ на авторот Зоран Спасов Ѕоф, а во режија на Јордан Симонов, ќе биде изведена вечерва (20.30 ч) на малата сцена на Македонскиот народен театар, во рамките на “Скопско лето“.

Едно од главните прашања што ги отвора претставата е зошто луѓето сакаат да си заминат од Македонија и да избегаат во Канада.

Идејата за да се постави ова литературно дело на сцената на МНТ е токму на актерот Микиќ.

Во период кога планирале да работат нешто друго, но пандемијата на коронавирусот им ги сменила плановите, режисерот Симонов го прифатил предлогот на актерот Микиќ да се обидат да го постават делото „Тибам штркот“ на Зоран Спасов Ѕоф.