Музеј на Град Скопје денеска ќе одбележи седум децении постоење со промоција на монографијата „70 години Музеј на Град Скопје“, изложба и видеопроекција.
Во монографијата, која ќе ја промовира академик Вера Битракова-Грозданова, претставени се сите значајни предмети и уметнички дела од збирките на музејот, наведени се значајни настани и печатени изданија што се резултат на работата на неколку генерации музејски работници. По повод јубилејот, од 20 часот во Музејот ќе има и изложба и видеопроекција.
– Видеопрезентацијата преку фотографии во проекција од 360 степени, првпат изработена на нашите простори во 3Д-мапинг технологија, ќе ја опфати музејската и галериската работа во изминатите седумдесет години поделена на декади. Во секоја декада, почнувајќи од основањето до денес, се презентира Музејот и неговата досегашна работа, соопшти МГС.
На изложбата ќе биде претставен дел од најзначајните експонати од збирките на Музејот, уметнички дела и преглед на најзначајните настани (изложби, археолошки ископувања и истражувања, промоции и презентации…) и избор од најзначајните публикации во седумдесетте години од постоењето на институцијата.
Видеопроекцијата ќе може да се види само вечер, а изложбата ќе може да се посети до 12 март 2020 година