Спортот во Македонија во иднина ќе се издигне на едно повисоко ниво за што подобри резултати во иднина, откако претседателот на Олимпискиот комитет (МОК) Даниел Димевски, и генералниот секретар Сашо Поповски, остварија клучна средба со градоначалникот на општина Ѓорче Петров – Александар Стојкоски, за заемна соработка во делот на едукацијата на наставниците по физичко образование, како и унапредувањето на можностите на спортските работници во општината.

Како што наведува Стојкоски, одржан е и работен состанок со сите наставници по физичко образование на територијата на општина Ѓорче Петров, на кој е разговарано за аномалиите и недостатоците во развојот на спортот, како и во формирањето на нови млади спортски величини, кои треба да се репрезент на општината и државата.

  • Реализиравме и обука на којашто присуствуваа наставниците и имаа можност преку разни искуства на Македонскиот олимписки комитет да дознаат повеќе околу тестирањето и скринингот на телесната конфигурација на спортистите, сè со цел истите да бидат здрави во тренажните процеси и да бидат здрави млади луѓе кои ќе можат да го даваат својот максимум во спортот во кој се натпреваруваат, истакна  Стојкоски и воедно додава:
  • Општина Ѓорче Петров ќе иницира интензивна соработка на ова поле, сè со цел младите перспективни спортисти од нашата општина да ги имаат сите услови за работа, односно да бидат под мониторинг на едуцирани и професионални кадри, кои секојдневно ќе бидат посветени на развојот и напредокот на спортистите. Младите и спортот се наш врвен императив, токму затоа ќе продолжиме во насока на афирмација и поддршка на спортот во Ѓорче Петров.