epa10832326 Elina Svitolina of Ukraine returns the ball to Anastasia Pavlyuchenkova of Russia during their second round match at the US Open Tennis Championships at the USTA National Tennis Center in Flushing Meadows, New York, USA, 31 August 2023. The US Open runs from 28 August through 10 September. EPA-EFE/CJ GUNTHER

Иако во второто коло на САД Опен, украинската тенисерка Елена Свитолина имаше тешка задача да ја совлада Русинката Анастасија Павличенкова, во неверојатен меч.  НО. додека траеше мечот Украинката се загрижи дали започнала средбата на нејзиниот сопруг Французинот Гаел Монфис и рускиот тенисер Андреј Рубљев и затоа  во еден момент го праша главниот судијата

„Можете ли да ми кажете дали мојот сопруг го започна натпреварот?“, го прашала Елена Свитолина судијата во столот на една од паузите. Ова нејзино прашање привлече големо внимание кај тениските фанови, кои коментираа дека љубовта меѓу Украинката и Французите е толку силна што размислуваат еден за друг дури и кога се на тениско игралиште, за време на мечевите на еден од најголемите светски турнири.

По натпреварот, Елена објасни што навистина се случило на теренот. “Се обидував да добијам малку мотивација од него. Знаев дека игра таму. Само малку размислував за него”, изјави Украинката и ги воодушеви навивачите.

Елена Свитолина по голем пресврт ја совлада Анастасија Павличенкова од Русија (5:7, 6:4, 6:4) и во следното коло ќе игра против Џесика Пегула, која ќе биде голем фаворит на тој меч, бидејќи е трет носител на турнирот. Од друга страна турнирот заврши за сопругот на Елена, Гале Монфис, кој беше поразен од  Русинот Андреј Рубљев по повеќе од два часа игра со 3:1 (6:4, 6:3, 3:6, 6:1).