Можам да го сфатам разочарувањето на Гризман

84
epa10321525 Olivier Giroud (2-L) of France celebrates with teammates after scoring his second goal during the FIFA World Cup 2022 group D soccer match between France and Australia at Al Janoub Stadium in Al Wakrah, Qatar, 22 November 2022. EPA-EFE/Tolga Bozoglu

Светскиот вицешампион, репрезентацијата на Франција, во петокот ги стартуваше квалификациите за престојното Европско првенство кое следната година ќе се одржи во Германија. Дуелот против секогаш незгодната репрезентација на Холандија падна во втор план поради сапуницата околу капитенската лента. До крајот на Светското првенство во Катар, капитенската лента беше во сопственост на голманот на Тотенхем, Хуго Лорис, кој по поразот во финалето потврди дека нема повеќе да брани за националниот тим.

На почетокот од подготовките за квалификавискиот дуел против Холандија, селекторот на Франција, Дидие Дешамп потврди дека Килијан Мбапе ќе биде нов капитен, а Антоан Гризман е назначен за заменик капитен.

Француските медиуми веднаш се распишаа дека напаѓачот на Атлетико (М) е разочаран од одлуката на Дешамп и дека размислува да стави крај на репрезентативната кариера, а дека има вистина во таквите информации потврди и Мбапе кој веднаш разговарал со својот репрезентативен колега.

  • Разговарав со Антоан, тој е разочаран и тоа е разбирливо. Му реков дека и јас ќе реагирав на ист начин. Тој е веројатно најважниот фудбалер во ерата на Дешамп. Јас не сум негов шеф. Треба да се обидеме со заеднички сили да направиме францускиот тим да царува на светско ниво. Ако сака да каже нешто на тимот, ќе седнам и ќе слушам. Не треба никому да ја затвораме вратата, секој може слободно да го каже своето мислење, изјави Мбапе.