Моето срце се трка, лудо е да се биде на чекор до Шумахер

160

Откако минатата трка во Италија беше спектакуларна, таа во Монца, на која славеше Пјер Гасли, оваа беше крајно бизарна. Од вкупно 20 пилоти дури осум не ја минаа целта, а до победата дојде возачот на Мерцедес и бранител на титулата, Луис Хамилтон.

Бројни откажувања, два рестарта, неколку страотни судари на патеката беа само дел од повеќечасовната трка во Тоскана, а на крајот триумфот замина во рацете на Хамилтон, кој диктираше силно темпо до 90. победа во кариерата.

  • Сè беше малку вртоглаво. Имав впечаток дека имаше три трки во еден ден. Беше неверојатно тешко, имав тежок почеток. Патеката е феноменална. Не беше лесно да се задржи Валтери Ботас, кој беше брз цел викенд, а на почеток бев зад него, изјави Хамилтон по трката.

Првата трка во историјата на Формула 1 на патеката во Муџело беше хаотична и беше прекината во два наврати поради инциденти на патеката.

  • Сите тие повторени стартови, концентрацијата што е потребна за тоа време, навистина е навистина тешко, додаде Британецот.

Хамилтон има 90 победи, една помалку од рекордерот Михаел Шумахер.

  • Моето срце се трка. Лудо е да се биде тука и да се има 90 победи, смета Хамилтон, кој исто така е рекордер по бројот на трки на кои освои бодови – 222.

Ботас успеа да го мине Хамилтон на самиот почеток, но Британецот успеа да ја врати првата позиција на првиот рестарт.

  • Разочаран сум. Тоа беше почеток од соништата. Стартот беше навистина добар и успеав да ја задржам позицијата по безбедносното возило. Не се сеќавам на сите делови, но кога ја изгубив позицијата при вториот старт (прв рестарт), ми се чинеше дека веќе ја губам шансата за победа, додаде Ботас.

Ботас заостанува 55 бода зад Хамилтон на второто место во генералниот пласман.

Возачот на Ред Бул, Александар Албон го зазеде третото место, што е негов прв пласман на подиумот во кариерата.

  • Ми требаше време да дојдам овде, но беше тешко. Морав да работам добро за него. Среќен сум. Можам да дишам. Убаво е чувството да се биде тука. На почетокот не можевме да сториме ништо, он затоа на крајот бевме и повеќе од добри, изјави возачот од Тајланд.

Следната трка на шампионатот ќе се вози за две недели во Русија.