Модерно облечен, пејачот Филип Пешeвски и во вечерни костуми и во патики

64

Популарниот македонски пејач Филип Пешевски е еден од ретките на македонската естрада кој многу добро го сфаќа значењето на модата во својата работа.
– Ако се занимаваш со шоу-бизнис, како јас, морам да внимавам на облекување. Луѓето забележуваат и најмала работа. Се трудам сè на мене да биде топ! Доколку се упатам само на денско кафе, тогаш “крпчињата“ ми се кежуал: патики, џинс, интересни чорапчиња, маичка и секако добар часовник во комбинација со добри очила за сонце. Навечер кога излегувам, тогаш сум во спортско-елегантна варијанта.

На моите настапи носам кошула и сако. Сакам пастелни бои, но се облекувам и во дреч црвена маичка која секогаш ја комбинирам со бојата на патиките или часовникот. Не морам на себе да имам по секоја цена некоја брендирана гардероба. Сакам да сум облечен во тоа во што најдобро се чувствувам. Кога одам во шопинг тоа трае кусо, објаснува пејачот, кој и со песната ама и со изгледот и имиџот ги освоил припадничките на понежниот пол.