Модата се враќа на пистите: „Диор“ завладеа со античкиот стадион во Атина

70

Стадионот Панатенаик во Атина стар 2000 години, на Олимписките игри во 1896 година успеа да собере 70.000 лица, така што имаше и повеќе од доволно простор во првиот ред на модниот спектакл на „Диор“, кој се случи неделава, на кој бројката присутни беше ограничена на 400.

Настанот беше грандиозен, пропратен со огномети и музика во изведба на оркестар, а присутна беше грчка и италијанска публика, меѓу кои и претседателката на Грција, Катерина Сакеларопулу, пишува Гардијан.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dior Official (@dior)

За дизајнерката на Диор, Марија Грација Киури, секоја колекција на модната писта е „ателје за истражување и експресија на бујната фантазија. За креативната личност, тоа е прекрасно нешто кое отвара и можности за соработка“.

Киури ја искористи атинската претстава за да истражи како се развиле односите помеѓу престижната Париска модна куќа и глобалните култури и традиции, кои се појавуваат како референци на модната писта. Во 1951 година, познат сет на слики од фотографот Жан-Пјер Педрацини прикажа модели со балони од Кристијан Диор, кои позираат пред извајаните женски фигури на „Каријатидите“ на Акропол, како одраз на нивните благодатни пози. Седумдесет години подоцна, Кјури е свесна дека една француска модна куќа користејќи ја античката грчка карактеристика во дизајнирањето на последната своја силуета, не е спојлива со модерниот сензибилитет.

„Како дизајнер, ако сте невнимателни, ги ништите убавината и културата, па тие стануваат клише. Тоа е она на што работиме, за да го избегнеме – бевме многу фокусирани на она што е современо за Грција сега“, рече Киури.

Во изјавата, куќата на Диор го потенцираше нивното почитување на иконското место, каде што тие „работеа рака под рака со грчките археолози за да обезбедат целосно и безусловно зачувување на локалитетот“.