Могерини дел од тимот на Гутереш

32

Федерика Могерини, поранешната високата претставничка за надворешна политика на ЕУ, доби нова позиција во Обединетите нации, пренесуваат светските медиуми.

Генералниот секретар на ООН, Антонио Гутереш, ги именуваше членовите на неговиот тим, осуммина кои ќе работат на прашања на внатрешно раселените лица.

Со комисијата ќе претседаваат заеднички Могерини и Доналд Каберука, моментално претседател на бордот на Глобалниот фонд за борба против СИДА, туберкулоза и маларија, се вели во соопштението на ООН.