Мобилниот телефон на возачот на „Дурмо турс“ испратен на вештачење

43

Јавното обвинителството денеска го доби на вештачење мобилниот телефон на возачот на автобусот на „Дурмо Турс“, кој е пуштен на домашно лекување.

„Се испитуваат листинзите, кога последен пат разговарал по телефонот и дали користел интернет во работното време“, информираат од обвинителството.

Возачот беше на разговор во полицијата, а анализите од крв и урина покажаа нема присуство на алкохол и дрога.