МНР ја потврди информацијата за смртта на македонска државјанка во сообраќајна несреќа во Грција

249

Министерството за надворешни работи ја потврди информацијата за смртта на македонската државјанка, која го загуби животот денеска во тешка сообраќајка во Грција.

Министерството за надворешни работи информира дека во текот на денешниот ден, во 12 часот (локално време), на Автопатот Егнатиа, во Република Грција, се случила тешка сообраќајна несреќа, во која за жал, М.Н. (1995), државјанка на Република Северна Македонија го изгуби животот.

Воедно, информираме дека засегнати се и три наши државјанки, сопатнички на починатата, А.К (2000) и М.Р (2000), кои добиле тешки повреди и И.Ј (1999) која не е повредена, при што две се хоспитализирани.

Претставниците на Генералниот конзулат на Северна Македонија во Солун, кои од времето на настанатата трагедија беа во контакт со блиски на жртвата, остануваат на располагање за асистенција во врска со преносот на останките на починатата во земјата, велат од МНР.

Генералниот конзулат останува во постојана комуникација со надлежните институции и на располагање на повредените наши државјанки и нивните семејства при евентуална потреба за помош, до нивното враќање дома.