Многу сум му лут на Интер

131

Францускиот интернационалец од редовите на лондонскиот премиерлигаш Челзи, Оливие Жиру, не крие дека е максимално разочаран од фактот дека не ја променил клупската средина за време на зимскиот преоден рок.

Искусниот напаѓач исто така откри дека е максимално разочаран од раководните лица на италијанскиот калчо гигант Интер кои му ветиле дека ќе ги осигураат неговите услуги но на крајот не испратиле официјална понуда.

Французинот е разочаран од минутажата која ја има во актуелната сезона и затоа сака да си замине од „Стемфорд Бриџ“.