Многу се израдував кога дознав дека Ѓоковиќ славел со моите хитови

64

„Му честитам на Новак Ѓоковиќ за победата. Многу се израдував кога слушнав дека славел со моите песни. Му посакувам многу успех и уште многу победи. Секако дека би бил пресреќен тој да ми биде гостин на концертот во Белград во Сава центар пред Нова година“, изјави популарниот пејач Харис Џиновиќ, кој веќе почна со подготовките за својот традиционален декемвриски настап во српската метропола.

По победата на Мастерсот во Париз, најдобриот тенисер Новак Ѓоковиќ го одржал ветувањето, па новата победа во својата кариера ја прославил со хитовите на Харис. „Кралот на меракот“ точно на 25 декември ќе приреди спектакуларна забава, па доколку и Ѓоковиќ биде присутен Џиновиќ во живо ќе му ги пее неговите сакани хитови: „Муштулук“, „И тебе сам сит кафано“, „Рано је за тугу„….
– Затоа тријте ги дланките, загревајте се за одлична журка, порачува Харис.  Д.М.