Многу музика, спорт, атрактивно возење со туристричкиот воз, детски фестивал

75

На традиционалната стопанско – туристичка и културна манифестација ,,Тиквешки гроздобер” ќе има и вечер посветена на Никола Бадев и филм за Васил Хаџиманов, информираше кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев, објавувајќи ја целосната програма за фестивалот, на својата Фејсбук страница.

Манифестацијата ќе трае наредните петок, сабота и недела, на 8, 9 и 10 септември. Активностите стартуваат во петок со кошаркарски турнир ,,Сестри Китеви” во  С.Ц. ,,Јасмин”. На агендата се и возење со туристичкиот воз и детски фестивал, концерт на „Музичка младина“,  настап на „Акустико бенд“ и „Трио Гранде бенд“, Андријана Јаневска, „Слаткаристика“ и „ЗЕРА“,   како и презентација на филм за Хаџиманов.

Сабота е ден со настан посветен на бардот на народна музика, Никола Бадев, мото рели, карневал, настап на „Трио Манифико бенд“, „Акустико Лајт бенд“, Барбара Ракичевиќ, Мартија Станојковиќ,  Харис Џиновиќ и Халид Бешлиќ.

Во недела, на програмата се изложба на олд тајмери, таблијада, детски карневал, изложба на дела од скулптурот Слободан Милошевски, настап на „Галакси бенд“, „Харизма бенд“, Лина Пејовска, Дарко Лазиќ и Лепа Брена.