
Без погодоци заврши дуелот помеѓу репрезентациите на Полска и Мексико, а вината за таквиот резултат може да се побара и кај искусниот напаѓач Роберт Левандовски кој во второто полувреме промаши удар од белата точка.
- Одигравме мудро и требаше да победиме. Тешко ми е да го прифатам тоа. Сакам на сите да им се извинам за промашениот пенал и да им се заблагодарам за дадената подршка. Ја продолжуваме борбата за пласман во 1/8 финалната рунда, изјави капитенот на Полска.