ММФ: Украина може да ја избегне хиперинфлацијата, најважен е тајмингот на помошта

30

Шефицата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристалина Георгиева, денеска изјави дека „станува пооптимистична“ дека договорот меѓу седумте најголеми светски економии од Г7 за обезбедување нови буџетски средства за Украина ќе и помогне на земјата да избегне хиперинфлација.

На маргините на состанокот на министрите за финансии на Г7 и гувернерите на централните банки во Бон, Георгиева кажа дека главното прашање за финансирање на Украина е тајмингот, односно избегнување одложувања што можат да ја турнат земјата кон монетарно финансирање, при што централната банка ќе ја финансира владата.

-Знаете, што ќе се случи доколку една земја мора да оди во монетарно финансирање. Војната носи хиперинфлација, а потоа ужасна, ужасна штета, што мислиме дека можеме да ја избегнеме, рече Георгиева.