Меѓународна акција на Интерпол во регионот на Западен Балкан: Спроведена истрага за 39 лица поради детска порнографија

85

За време на акцијата наречена „Мозаик“, спроведена од 6 до 17 ноември на територијата на Словенија, Хрватска, Унгарија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина (БиХ) и Северна Македонија, спроведена е истрага за 39 лица и идентификувани две деца – жртви на детска порнографија, се вели во соопштението.

Полицијата во Црна Гора го уапсила В.Г од Беран (64), К.Д. (23) од Будва и А.Г. од Подгорица (19) и ги товари за детска порнографија. Полицијата од нив конфискувала телефони и компјутери со компромитирачка содржина, се вели во соопштението.

Полицијата се сомнева дека уапсените „набавувале, поседувале и дистрибуирале фотографии и други аудио-визуелни материјали за сексуална експлоатација на малолетници во подолг временски период“.

„Покрај тоа, при претрес на локација во Цетиње, која ја користи М.В.(54), полицијата одзела мобилен телефон, при чии првични анализи биле пронајдени фотографии кои укажуваат на можното извршување на кривичното дело детска порнографија, кои ќе бидат пријавени од надлежен државен обвинител“, се додава во соопштението.

Во меѓународната акција што беше спроведена како дел од активностите на ЕВРОПОЛ во областа на борбата против детската порнографија беа одземени вкупно 200 електронски уреди.