Млад музичар паднал на сцена за време на настап во Србија и починал

2113

Млад музичар падна на сцена и почина за време на настап на културно-уметничка манифестација во Мрчајевци, пренесува РТС.

21-годишниот флејтист настапувал со краљевскиот ансамбл „Ризница“ на манифестацијата „Купусијада“, кога му се слошило и паднал на сцената, при што веднаш бил пренесен во болница.

Портпаролот на болницата во Чачак, Билјана Кочовиќ, потврди дека младиот човек бил донесен во болницата Чачак без витални параметри по долга безуспешна реанимација.

По информацијата за смртта на младиот музичар, програмата „Купусијада“ беше прекината, а организаторите одлучија денеска да не ја изведат планираната културно -уметничка програма.