Легендарниот шведски тенисер Матс Виландер, смета дека помладите тенисери кои што се во ТОП 10 на АТП листата, не се плашат повеќе од светскиот тениски рект број еден Србинот Новак Ѓоковиќ и веруваат дека можат да го победат на турнирите.

-Најголемата разлика е што момците кои што се зад Новак сега веруваат дека можат да го победат на која било подлога, во секое време. Мислам дека веќе не се плашат од него, освен во ситуацијата кога играат на грен слем, поточно кога се играа во три добиени сета, изјави Виладер.

Швеѓанецот ја начна и темата за тоа дали Ѓоковиќ ќе учествува на првиот грен слем турнир наредната година – Австралија опен.

-Не знам што ќе направи Новак. Тоа е грен слем на кој имаше најмногу успеси. Тоа е место на кое може да ја осови 21. грен слем титула. Но истовремено тој размислува за своето здравје. Не би ме изненадило доколку Новак не игра во Мелбрун. Дали тоа ќе биде лошо за турнирот? Да, на некој начин, но во исто време ќе добиеме можност за нов шампион на Австралија опен, заклучи Виландер.

Србинот годинава освои три грен слем титули – Австралија Опен, Ролан Гарос и Вимблдон. Во финалето на САД Опен загуби од Данил Медведев, а во полуфиналето на Олимписките игри и завршниот мастерс во Торино загуби од Германецот Александар Зверев.

Ѓоковиќ моментално со репрезентацијата на Србија се подготвува за учество на завршниот Дејвис Куп турнир, кој се игра во Торино.