Францускиот тенисер Лукас Пуј беше едно од најпријатните изненадувања на Австралијан опен оваа сезона. Тој дојде до полуфиналето, но доживеа елиминација, а во едно од своите интервјуа откри дека имал непристојна понуда, да намести натпревар.
- Пред неколку години на Фејсбук преку порака ми нудеа пари да загубам натпревар, но никогаш не одговорив на неа. Сметам дека е безмислено да местиш натпревари и да губиш за пари. Треба да работите на себе, како сите останати играчи и константно да напредувате на АТП-листата, изјави Пуј.
Лукас Пуј моментално се наоѓа на 17. позиција на АТП-листата, но од него се очекува во претстојниот дел од сезоната да дојде до најдобрите десет тенисери во светот.