Мицкоски: Нѐ има сѐ повеќе!

29

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ се заблагодари за граѓаните кои излегоа на синоќешниот протест во поддршка на Гоце Делчев и порача дека „ќе бидат се посилни“.

„Од сѐ срце огромна благодарност до сиот народ што излезе вечерва, но и до оние коишто останаа во домовите, а со срцата и мислите се со нас. Нѐ има сѐ повеќе и ќе бидеме сѐ посилни, вечерва за Делчев. А Делчев е црвената линија на нашето достоинство и идентитет. Тој е Македонија и столбот на постоење како народ“, вели Мицкоски.