Мицкоски: Нема да навлегувам во тоа дали има мнозинство во Парламентот, бараме предвремени избори

39

ВМРО-ДПМНЕ бара и работи на предвремени избори. Нема да навлегувам во тоа дали има или нема Владата мнозинство, изјави денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

-Човекот којшто вели дека има стабилно парламентарно мнозинство велеше дека не го отслужил воениот рок затоа што бил зафатен со студии, најпрвин додипломски, а потоа и постдипломски, за потоа да слушнеме дека не биле студиите проблем, туку била некоја медицинска причина, а суштина е дека дезертирал. Така што многу лаги се кажуваат изминатиов период. Дали има или нема Владата стабилно мнозинство, јас нема да навлегувам во такви детали, но она што сакам да го кажам е дека ВМРО-ДПМНЕ бара и работи на предвремени парламентарни избори, бидејќи само предвремени избори можат да ги спасат Македонија и граѓаните од дополнителни порази. Се останато е само нижење дополнителни порази, рече Мицкоски на прес-конференција.

Мицкоски побара од премиерот Димитар Ковачевски да се сретнат на дебата за предлогот за излез од кризата во енергетскиот сектор.