Мицкоски: Невозможно е решавање на спорот додека трае француското претседателство, барањата на Софија се максималистички

56

Мислам дека е невозможно потенцијалното решавање на спорот кој што го имаме со нашиот источен сосед додека трае француското претседателство. Барањата на официјална Софија се премногу максималистички и среќен сум што народот се избори да го вразуми Ковачевски да го одбие францускиот предлог, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

-Денеска беше состанокот корепер на амабасадорите на земји членки на Европската Унија во Брисел. Нема напредок од проста причина што толку се максималистички барањата на официјална Софија што што дури и за овие кои се таму и преговараат во името на граѓаните не се прифатливи. Барањата се толку максималистички што се надвор од здрава логика и надвор од сите европски вредности, рече Мицкоски во гостувањето во дневникот на Сител телевизија.

Според лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Ковачевски го одбил францускиот предлог поради тоа што десетици илјади граѓани излегоа пред Владата и порачаа дека не го прифаќаат предлогот.

-Јас сум пресреќен што народот се избори да го вразуми Ковачевски да не го прифати францускиот предлог. Оние десетици илјади граѓани кои излегоа пред Владата и она громогласно „не“ кое што тогаш го кажаа за овој последен предлог бидејќи е апсолутно асиметричен и е 100-0 во корист на нашиот источен сосед, додаде Мицкоски.

Сепак, тој смета дека предлогот немало да биде на маса ако некој претходно истиот не го прифатил.

али тоа бил Ковачевски, дали тоа бил Османи или дали тоа бил некој друг околу нив да бидеме реални нема да си дозволи администрацијата на ЕУ ниту пак на земјата која што претседава таков предлог да го стави на маса без да добие согласност од страните кои преговараат. Владата тогаш се препелкаше дека не знае за каков предлог и дека сеуште не го добила тој предлог, за да потоа излезе дека всушност тие веќе неколку месеци преговарале. Приказните дека не е прифатен е само поради тоа што народот излезе, тоа што ВМРО-ДПМНЕ излезе и тоа што добивме општествено не, рече Мицкоски.

Тој порача оти нивниот став како политичка апртија е прецизен, а тоа е дека нема преговори за јазикот и никакви фусноти не се прифатливи.