Мицкоски му порачал на Мичел дека за ВМРО-ДПМНЕ е неприфатлив договорот со Грција

14

Членството во НАТО и ЕУ е од стратешки и државен интерес, но договорот со Грција е неприфатлив за ВМРО-ДПМНЕ и е надвор од нејзините познати принципи и начела, истакнал лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на средбата со помошникот американски државен секретар за Европа и Евроазија, Вес Мичел.

На средбата, како што соопшти партијата, Мицкоски рекол дека ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот за неприфаќање на Договорот со Грција.

Двајцата соговорници се согласиле дека евроатланската интеграција е клучен фактор за стабилноста на регионот и дека е потребна поддршка во насока на реформи кои се значајни за остварување на тие цели.