Мицкоски: Да се повлече законот за попис од Собранието

37

Пописот на населението ѝ е потребен на државата, но ВМРО-ДПМНЕ смета дека преку поширока дебата треба да се дојде до консензуално решение за начинот на спроведување на пописот, рече лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Предлагаме владејачкото мнозинство да го повлече законот за попис од собраниската дебата и да организира внатрепартиска и внатредржавна дебата на целата територија на Република Македонија, да ги обедини сите политички чинители и општествени фактори, за да се дојде до консензуално решение – како треба да изгледа оваа статистичка операција“, рече Мицкоски.