Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ќе почне преговори за парламентарно мнозинство

124

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски не ја исклучува можноста дел од пратениците од коалицијата на СДСМ да ја поддржат програмата на неговата партија.

Вели дека  ВМРО-ДПМНЕ во периодот што следи ќе се обиде да формира парламентарно мнозинство изградено врз политичка филозофија, а не политички пазар.

„Луѓето во кои бескрајно верувам, а кои се дел од овој парламентарен состав и се дел од пратеничката група „За обнова на Македонија“, не верувам дека постои таков кој ќе ја поддржи програмата којашто ќе је понуди  Заев“, рече Мицкоски.