Македонскиот ракометет репрезентативен голман Никола Митревски, одигра важа улога во победата на неговиот тим Порто во 2. коло од Лигата на шампионите на домашен терен против бундеслигашот Фленсбург со 28:27.

Португалците беа подобар противник во првото полувреме, додека во второто му дозволија на гостинот да се одлепи на три гола разлика (20:17), но тука настапи Никола Митрески кој во игра влезе во 44. минута од натпреварот и до крајот на мечот нанижа шест интервенции. Македонскиот голман го одбрани и последниот шут на гостите, а Ареа погоди од седум метри за конечна победа на Порто.

-Ние одигравме многу добар натпревае. Не понесе атмосферата во салата која беше фантастична. Фановите ни даваа сила во текот на целиот натпревар. Јас забележав многу одбрани во првиот дел од натрпеварот, но морам да кажам дека и Митрески беше одличен, по што ние се вративме и го добивме натпреварот, изјави голамнот на Порто, Себастијан Лет Франдсен, кој за 45. минути имаше десет интервенции.

Најефикасен во составот на Порто беше Салина со шест гола, а Круз постигна четири погодоци. Никола Митревски имаше шест одбрани за петнаесетина минути на теренот. Во тимот на Фленсбург најефикасен беше Ване со осум гола. Овој натпревар го судеа најдобрите македонски судии Славе Николов и Ѓорѓи Начевски.

Полскиот шампион Келце по поразот од Динамо Букурешт во првото коло, се врати на победничките патеки и во второто го победи Веспрем со 32:29. Најдобри стрелци кај Келце беа Душебаев со седум и Морито со шест гола, додека кај Веспрем се истакна Ненадиќ со девет, а Манасков даде три погодоци.

Барсеолна ја оправда фаворитската улога и без посериозни проблеми славеше над Мотор Запорожје со 36:25. Дика Мем беше најрасположен за игра во составот на Барселона и постигна осум гола, Фабрегас, Ричардсон и Абељо имаа по четири реализации. За Мотор Запорожје, Пуховски беше најефикасен со шест погодоци. ПСЖ одигра одличен натпревар и на домашен терен го декласираше Динамо Букурешт со 41:30.