Мистерија во универзумот: Извор емитувал повеќе од 1.600 сигнали за 47 дена

233

Научниците, по анализа на податоците од еден извор на брзи радио бранови, откриле дека во 2019 година емитувала 1652 сигнали во опсег од само 47 дена.

Брзите радио-рафали (FRB) се една од најфасцинантните мистерии во вселената. Тие се исклучително моќни, некои ослободуваат 500 милиони пати повеќе енергија од Сонцето и траат помалку од трепкање на окото.

Една од најважните карактеристики на овие сигнали е дека тие се краткотрајни и непредвидливи. Обично се појавуваат одеднаш на некој дел од небото и траат само неколку милисекунди. Повторувачките FRB, односно кога тоа не е само еден интервал туку неколку по ред, се многу ретки и особено го привлекуваат вниманието на научниците.

Некои од рекурентните FRB се појавуваат периодично, во редовни интервали, на секои неколку дена или месеци.

Има посебен циклус

Но, експертите од гореспоменатиот FRB (FRB 121102) не забележале периодичност, што значи дека неговиот извор можеби не е ротирачки компактен објект, како магнетар – неутронска sвезда со исклучително силно магнетно поле, пишува Science Alert.

Ова значи дека може да има повеќе од еден механизам зад овој вид радио бранови и дека е потребна дополнителна анализа за да се разбере за што станува збор.

FRB 121102 е еден од најактивните радио бранови. Астрономите, поради неговата фреквенција, успеале да го лоцираат неговиот извор и да го стават во џуџеста галаксија оддалечена 3 милијарди светлосни години од нас. Овој FRB не само што е неверојатно активен, туку има и свој циклус: активен е 90 дена, а потоа неактивен 67 дена, односно не емитува сигнали.

1652 сигнали во 47 дена

Затоа научниците внимателно го следеле FRB 121102 и откриле дека помеѓу 29 август и 29 октомври 2019 година, тој емитувал 1652 индивидуални сигнали. Највисоката стапка била 122 за еден час, што е највисоко ниво на активност што некогаш регистрирале.

Поради големата количина на податоци, експертите успеале да направат статистичка анализа на активноста на изворот. Откриле дека рафалите можат да се поделат во две категории – со поголема енергија и со ниска енергија.

Ако изворот на овој FRB е магнетар, односно ако е предизвикан од механизми од површината на неутронска sвезда, празнењата ќе се појавувале периодично, како светлина од ротирачки светилник. Но, научниците не снимиле таков сигнал во FRB 121102, што значи дека магнетарите можеби не се единствениот извор на брзи рафали.

Во списанието „Nature“е објавена студија наречена „A Bimodal Burst Energy Distribution of a Repeating Fast Radio Burst Source “.