Францускиот фудбалски репрезентативец Килијан Мбапе, реши да не го продолжи договорот со ПСЖ и да потпише за Реал Мадрид како слободен играч. По освојувањето на титулата во Лига 1, тој имал собир во Кан на тераса од луксуззен хотел со соиграчите, а во еден момент се појавила девојка која го веела знамето на Франција. Мбапе одеднаш ја погледнал, а корисниците на социјалните мрежи оставија различни коментари.

Видеото стана вирално за рекордно време, особено што сите се прашуваа која е мистериозната жена што го натера Мбапе да го насочи погледот кон неа. На оваа тема се шпекулираше со неколку имиња, а во еден момент пријател на мистериозната жена откри сè: „Мислам дека Килијан фрли око на тебе“.

Бринетата која го „освои“ Мбапе се вика Леа, инфлуенсерка и модел, тврди истиот извор. Пред да биде означена во објавата, Леа имаше нешто повеќе од 10.000 следбеници на Инстаграм. За само неколку часа бројот се зголеми и сега има над 100.000 следбеници. Таа има само 17 објави, но најмногу се однесува на објави направени на луксузни локации како Кан, Монако или Мајами.

„Што сакаш од Килијан напишал еден од корисниците на социјалните мрежи, додека друг додал: „Остави го нашето момче на мира“.