Дома СВЕТ Мировен договор со САД е можен ако талибанците го намалат насилството

Мировен договор со САД е можен ако талибанците го намалат насилството

26

Авганистанскиот претседател Ашраф Гани вчера истакна дека е постигнат голем напредок во преговорите меѓу САД и талибанците во Катар.

Двете страни преговараат во Доха од 2018 година, иако во меѓувреме судирите продолжија со убивање на стотина цивили и војници и откако талибанците ја проширија контролата врз делови во Авганистан.

Американските преговарачи се обидуваат да се договорат со талибанците за значително намалување на насилството во траење од најмалку десет дена без никакво прекршување, истакна западен дипломат.